Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

КОВАЧЕВСКИ ЗА КАНАЛ 5 : ИМАМЕ ДИРЕКТНА, СИЛНА И НЕДВОСМИСЛЕНА ПОДДРШКА ОД САД ЗА ИНТЕГРИРАЊЕТО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју за Канал 5 ТВ зборуваше за посетата на САД и средбата со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, којашто ја оцени за исклучително пријателска и корисна со директна, силна и недвосмислена поддршка од САД за интегрирањето на Северна Македонија во ЕУ.
Во таа насока, како што рече премиерот, е разговарано за предизвикот што го има државата, а тоа е носењето на амандманите, со цел продолжување на европскиот пат на државата и отворање на поглавјата.„Императив е на сите политички партии и пратеници е да носат одлуки коишто се во насока на унапредување на животниот стандард, унапредување на економијата, на институциите, на сегашните и на идните генерации – да живеат во Европска Македонија, држава членка на ЕУ, а не да одат да работат во странство во земји членки на ЕУ.
Сметам дека пораката беше многу јасна и дека процесот е отпочнат, бидејќи е формирана работна група во Министерството за правда, каде што претставници на политичките партии и експерти од академијата и уставното право веќе почнаа со работа и подготвување на предлог амандманите, коишто потоа ќе се најдат и на јавна расправа со стопанските комори итн. и потоа во собраниска процедура пред политичките партии.Одговорност на секој пратеник е во рамки на својот мандат да носи одлуки во интерес на државата“, порача премиерот Ковачевски во вечерашното телевизиско интервју.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ: СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА , ПОПНА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ,,ЧАГАТАЈ КАБЛО”

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со привлекување на нови...

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

ВИСАР ГАНИУ ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВРЗ АРСОВСКА „НИКОЈ ОД ОПШТИНА ЧАИР НЕ Е ИНВОЛВИРАН“

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу го осуди нападот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ