КОВАЧЕВСКИ Е ОПТИМИСТ ДЕКА ВО СЛЕДНИТЕ 30 ДЕНА ЌЕ ОБЕЗБЕДИ 80 ПРАТЕНИЦИ ДА ГЛАСААТ ЗА ПРОМЕНА НА УСТАВОТ

0
517

Владата вчера го достави Предлогот за уставни измени до Собранието, а премиерот Димитар Ковачевски на 30 дена пред почетокот на пленарната седница за гласање на потребата од отворање на Уставот е оптимист дека ќе има натпартиски консензус за продолжување на европската интеграција на државата.

„Моите очекувања се дека ќе има плодна дискусија и дека ќе има натпартиски консензус за продолжување на европската интеграција на државата.

Амбасадорот Дејвид Гир јасно кажа дека се зависи од нас и дека ние одлуките ги носиме. Сметам дека се работи за уставни измени кои не задираат во ниту едно идентитетско прашање.

Ние сме мултиетничко општество кое е пример за Европа во мало и се надевам дека 120 пратеници ќе имаат визија, доблест храброст да донесат одлука која ќе значи обезбедување на подобра европска иднина за сегашните и идните генерации – рече Ковачевски при увидот на изградбата на делницата Градско-Прилеп.