
„По изборите, во вториот мој мандат, просечната плата ќе биде 1000 евра, а минималната 600 евра. Пензиите ќе продолжат да растат и не само што нема да имаме веќе ниту еден пензионер под праг на сиромаштија, туку пензиите ќе бидат достоинствени и далеку повисоки.Истовремено работиме и на решение за воведување на минимална пензија.“ рече Ковачевски за новата изборна програма на СДСМ.
Претседателот Ковачевски воедно посочи дека подобар животен стандард е можен исклучиво со успешна економска приказна. Затоа Северна Македонија не смее да се откаже од европскиот пат и од просперитетната иднина за младиите како и од здрава и силна економија по европски стандарди, со пристап до пазар од половинина милијарда луѓе. Тој во изјавата за медиумите по завршувањето на посетата на ДИЕМ – ГП, потенцираше дека само со продолжувањето на европскиот пат ќе се генерира раст, ќе генерираат нови вработувања, ќе создаваат иновативни решенија и нашите домашни компании ќе бидат конкурентна на единствениот европски пазар.