
Северна Македонија се усогласува со вредностите на европското семејство, со политиките на ЕУ, безбедносни аспекти, и економски развој, истакна претседателот на Владата Димитар Ковачевски на денешното предавање на престижната дипломатска академија во Виена.
,,Ние сме единствена Влада досега која плански располага со средства и во целост ги користи парите од ИПАРД програмата”, рече премиерот.
Владата на Северна Македонија следејќи ги политиките на ЕУ, донесе нова Стратегија за развој на енергетика до 2040 година со која е целосно базирана на Европскиот Зелен Договор и оваа Стратегија веќе се имплементира во Северна Македонија.
,,Наш приоритет е енергетската транзиција и енергетската независност. Во услови на криза, успеавме да придонесеме за зголемување на интересот за инвестиции во обновливи извори на енергија. За нешто повеќе од година дена, заклучно со 31 март 2023 – инсталиран е над 191 MW вкупен капацитет од обновливи извори.
Премиерот истакна дека Северна Македонија во секторот енергетика предничи во регионот. Со енергетско-економскиот развој на земјата, Владата не запре ниту во време на кризата.
Ковачевски додаде дека приоритет на Владата е енергетската транзиција и енергетската независност.