КОВАЧЕВСКИ : ЕВРОПСКИОТ КОНЦЕПТ НА СДСМ ЗНАЧИ ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ И ПЕНЗИИ, ПОДОБАР ЖИВОТЕН СТАНДАРД И ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ

0
331
Европскиот концепт на СДСМ значи поголеми плати и пензии, подобар животен стандард и членство во ЕУ, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на денешната трибина „Повеќе за сите“ во скопски Аеродром.
-Од едната страна имаме европски концепт предводен од СДСМ кој значи поголеми плати и пензии, подобар животен стандард и членство во ЕУ а од другата страна има антиевропски концепт на ДПМНЕ и Левица кој води во ќорсокак и враќање назад во економска стагнација и изолација.И ова се факти. Никој не може да ги оспори, рече Ковачевски.
Овие политики кои обезбедуваат подобар животен стандард на патот кон Европската Унија, граѓаните ќе ги поддржат и на наредните избори, додаде тој.
-Антиевропскиот концепт го чека пораз од граѓаните затоа што граѓаните не сакаат неизвесност и враќање назад туку напредок и сигурна иднина. Повеќе за сите е нашата визија за европска иднина. Со ДПМНЕ не само што има помалку за граѓаните, за народот, има помалку и за државата а што е најлошо нема иднина, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски попладнево во Аеродром.
За околу три и пол години, донесовме пакети антикризни мерки во вредност од  над 2 милијарди евра за граѓаните и за стопанството, ланскиот пакет антикризни мерки во висина од 760 милиони евра, беше оценет од Светска банка како најголем во регионот, потенцираше Ковачевски.
-Со сите мерки досега спасени се повеќе десетици илјади работни места, финансиски поддржавме ранливи категории граѓани, пензионери со ниски пензии, поддржавме плати за вработените, поддржавме занаетчии, самостојни уметници, радиодифузери, овозможивме поволни кредити за уметници, компании, овозможивме поволни кредити и за приватниот и за јавниот сектор. Од независноста до денеска немало толку голема финансиска поддршка за граѓаните и компаниите. Особено сум горд на тоа што успеавме и покрај сите предизвици, рече Ковачевски на трибината „Повеќе за сите“ во Аеродром.