„Тоа е нешто што ќе тече како процес и треба да се случи за граѓаните да станат дел од Унијата“, смета Ковачевски.
Македонскиот премиерот не сакаше дополнително да ја коментира споредбата на Бугарија со Русија што ја направи вчера на самитот на Советот на Европа, која предизвика лавина реакции кај источниот сосед.Ковачевски запрашан за барањето на Алијансата на Aлбанците за смена на формулацијата „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“ рече дека се води дискусија во рамки на работната група за уставните амандмани.