Monday, December 2, 2024
0.8 C
Skopje

КОВАЧЕВСКИ : ГЛАСАЊТО НА 8 МАЈ ПОЧНУВА ОД НУЛА – ВЕ ПОВИКУВАМ ЗАЕДНО ДА ИЗГРАДИМЕ ЕВРОПСКА ИДНИНА

„Гласањето на 8 мај почнува од нула, затоа, апелирам и повикувам, убаво размислете кому ќе ја дадете својата поддршка“, порача лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, од денешниот митинг во Кичево.
„Вашиот глас е моќно демократско оружје! Затоа убаво размислете во чии раце ќе ја дадете власта. Дали на СДСМ за државата цврсто да продолжи да гази по патот кон ЕУ или на Мицкоски и неговата екипа од Белата палата, која ќе не врати во минатото на изолации и блокади“, истакна Ковачевски.
Првиот човек на СДСМ и носител во ИЕ 1 рече дека Мицкоски и Силјановска немаат никаква намера да ја водат државата кон ЕУ, туку напротив, ќе ја изолираат, затворат и скараат Македонија со соседите и со меѓународната заедница. Ковачевски пред граѓаните на Кичево, истакна дека СДСМ и Коалицијата се единствената искрена проевропска политичка опција на овие избори.
„Вие со вашите искрени критики и барања за иднината нѝ помогнавте да ја креираме нашата изборна програма. Таа програма е реална, остварлива и содржи автентични социјалдемократски политики и мерки. Ветуваме повисоки плати и пензии, многу поволности за нашите млади, уште поголема поддршка на домашните компании за зголемување на инвестициите и зголемување на бројот на работници. Намалување на невработеноста на едноцифрена бројка од 7%. За вистинските земјоделци ќе обезбедиме поддшрка од 1,35 милијарди евра“, рече Ковачевски.
Им порача на Мицкоски, Силјановска и Ахмети дека времето на националистичка реторика и заплашувања со меѓуетнички тензии е одамна завршено.
„Токму Кичево е еден од градовите каде градиме соживот, толеранција и разбирање. Тој предизвик не е секогаш лесен, но ние вложивме огромни напори да ги унапредиме меѓуетничките односи во државата. На 8 мај, да им испратиме јасна и гласна порака на сите ретроградни сили, дека во Македонија живеат прогресивни и умни луѓе кои сонуваат за европска иднина за себе и за своите деца. Да кажеме стоп за враќањето во кошмарното минато на поделби, тензии и конфликти“, истакна Ковачевски.
Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 мај и да гласаат за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и за пратеничките листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

ОВАА НЕДЕЛА

СУДИР НА ИНТЕРЕСИ – ЕКС ДИРЕКТОР НА ЈЗУ СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА, ПЛАТИЛ ГЛОБА, ПА ГО РАЗРЕШИЛЕ

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната...

ВАНДАЛИЗМОТ НЕМА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ

Почитувањето на националните симболи е од суштинско значење за...

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 83-ГОДИШЕН СТРУЖАНЕЦ, КОЈ СО ПУШКА ГО УБИЛ КУЧЕТО НА СВОЈОТ СОСЕД

Фото : Илустрација ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(83)...

МУЦУНСКИ : НОВАТА ВЛАДА Е СИЛНО ФОКУСИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ И СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИ

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, денеска имаше обраќање...

ЈАНЕВСКА : УЧК И НЕЈЗИНИТЕ СИМБОЛИ ЗА ОВАА ДРЖАВА НЕ ЗНАЧАТ НИШТО

Испраќањето инспекција во училиштето во тетовското село Челопек е...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ