КОВАЧЕВСКИ : ГИ ШТИТИМЕ ГРАЃАНИТЕ И ДОМАШНИОТ ПАЗАР, СЕ ЗАМРЗНУВААТ ЦЕНИТЕ НА ЈАЈЦАТА КОКОШКИТЕ И ОРИЗОТ

0
497

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, одржа прес-конференција во врска со денешната владина одлука за замрзнување на цените на јајцата од кокошка и оризот. На прес-конференцијата присуствуваше министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Донесовме одлука за понатамошно замрзнување на цените на основните прехранбени производи, меѓу кои, јајцата од кокошка и оризот, со што нивните највисоки цени ќе останат на нивото на цените кои се применувале на 15 март 2023 година со важност до 30 април 2023 година“, изјави премиерот Ковачевски, на денешната прес-конференција, додавајќи дека со оваа мерка, Владата, продолжува да излегува во пресрет на потребите на граѓаните.Премиерот појасни дека изминатиот период е утврден пораст на цените на оризот и јајцата, како резултат на движењата во однос на извоз и увоз на овие производи.

„За таа цел, а во пресрет на претстојните празници Велигден и Бајрам, со цел се спречи евентуален дисбаланс на домашниот пазар и недостаток на јајца од кокошка, се предлага производителите, најмалку 70% од домашното производство на јајца да го пласираат на домашниот пазар, а трговците на мало да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина на јајца што ја набавувале во јануари и февруари 2023 година“, рече премиерот, додавајќи дека сите мерки кои ги носи Владата се базирани врз аргументирани факти и анализи.