КОВАЧЕВСКИ : ГИ ПОКАЧИВМЕ МИНИМАЛНАТА И ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА, ПЕНЗИИТЕ, ГРАЃАНИТЕ ЗАСЛУЖУВААТ ПОВЕЌЕ, ЗАСЛУЖУВААТ ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ

0
625
Ние денес имаме 100% зголемена минимална плата,  во однос на претходната влада, тогаш беше минимална плата 8.000 денари, сега е 20 750 над 100% зголемена, просечната плата е 34 000 денари, тоа е огромно зголемување, пензиите ги зголемивме, така беше, така е сега, ако ме прашувате дали граѓаните тешко живеат да, граѓаните заслужуваат европски стандард и затоа јас сум еден од најголемите поборници во оваа држава за што побрзо зачленување на државата во ЕУ, рече во Само интервју на Канал 5 телевизија претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.
-Ние ќе имаме ново зголемување на пензијата, односно веќе имаме 16% зголемување, со следното зголемување на пензиите во септември 25% за една и пол календарска година, тоа никогаш не се случило и не зависи од политичка волја. 47% помала беше минималната пензија, 60% беше помала просечната пензија. Кога зборуваме како е и како беше, така е и така беше. Дали се живее тешко- да, нашите граѓани заслужуваат да живеат со европски стандард и затоа јас сум еден од најголемите поборници во оваа држава за што побрзо зачленување на државата во ЕУ, рече Ковачевски.