КОВАЧЕВСКИ : ГИ ПОВИКУВАМ ГРАЃАНИТЕ, СЕКОЈ ВО СВОЈАТА МОЖНОСТ ДА ДОНИРА И ДА ПОМОГНЕ КОЛКУ МОЖЕ СО ДОНАЦИИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА

0
467

Никого од нас не можат да остават рамнодушни погледите на малите изнемоштени деца, бебиња, кои и после повеќе од 100 часа спасувачите живи ги вадат од под урнатините. Тоа не се само фотографии и видеа, тоа се судбини кои ќе останат засекогаш врежани во мислите на цел свет, на сите нас.

Преживеаните од разорните земјотреси, не смееме да ги оставиме сами. Потребен е сеопфатен хуманитарен одговор. На луѓето им е потребна помош СЕГА! Затоа ги повикувам граѓаните, секој во својата можност да донира и да помогне колку може.