КОВАЧЕВСКИ – ГИР : СКРИНИНГОТ СЕ ОДВИВА СПОРЕД УТВРДЕНИОТ КАЛЕНДАР, ПРОДОЛЖУВАМЕ КОН ЕВРОПСКИОТ ПАТ СО СИЛНА ПОДДРШКА ОД ЕУ

0
394
Почитувани,

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари тет-а-тет средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.
Во фокусот на средбата беа евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија, како и актуелните случувања и предизвици. 

На средбата е потенцирана важноста од напредокот на евроинтеграциите, кој, како што беше оценето, ќе се одрази позитивно врз квалитетот на животот на граѓаните, како и врз сите сфери на општеството. Во таа насока, потенцирано е дека скрининг процесот се одвива според предвидената динамика и календарот кој заеднички е утврден помеѓу Северна Македонија и Европската Унија. Евроамбасадорот Гир ја потврди силната поддршка за евроинтеграцискиот процес на државата.

Заеднички е констатирано дека во услови на геополитички превирања, од круцијално значење е полноправното членство на земјава во Европската Унија.При тоа, премиерот Ковачевски на средбата истакна, дека продолжувањето кон европскиот пат е историска шанса која треба да се искористи сега.На средбата со евроамбасадорот Гир, премиерот потенцираше дека полноправното членство во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но достижна цел, за која имаме поддршка и од стратешките партнери.