Thursday, May 22, 2025
11.8 C
Skopje

КОВАЧЕВСКИ : ГАРАНТИРАМЕ 30.000 ДЕНАРИ ПРОСЕЧНА ПЕНЗИЈА, ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЈА ИЗГРАДИЈА ОВАА ДРЖАВА

Јас и моите другари од СДСМ и од коалицијата за европска Македонија сме подготвени да работиме ден и ноќ за да го реализираме она што стои во нашата програма. Гарантираме 30.000 денари просечна пензија, но и многу други финансиски мерки за поддршка на нашите пензионери. – порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Охрид.
Во изминатите седум години направивме многу работи. Имавме подеми и падови, но сепак, во ниту еден момент не се откажавме! Ниту кога беше најтешко, кога земјата се соочи со КОВИД пандемијата, и потоа кога се боревме со енергетска и економска криза. Цело време бевме рамо до рамо со граѓаните. Донесовме девет пакети антикризни мерки вредни 2,6 милијарди евра. Им помогнавме на над 660.000 домаќинства да не се соочат со ценовен шок од сметките за струја. Се погриживме нашите пензионери да имаат достоинствени примања и ги зголемивме пензиите за 55%. – рече Ковачевски
СДСМ, Коалицијата за европска иднина и нашиот претседател Стево Пендаровски ви нудиме јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда. Рече Ковачевски и додаде: Јас Димитар Ковачевски, во име на сите мои другарки и другари од СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, ве повикувам на 24 април и на 8-ми мај да го заокружите бројот 1 и да гласате за европска иднина. Одиме на победа!

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ИРМ БАРА ОБЈАСНУВАЊЕ ОД ЕВН КОЈ И КАКО ЈА ПРЕСМЕТУВА СТРУЈАТА

Ве известуваме дека упативме Барање за доставување на податоци...

БОЖИНОВСКА: НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА НОСИ ПРИДОБИВКИ ЗА ГРАЃАНИТЕ И ЗА ДРЖАВАТА

Законот за енергетика што минатата недела го усвои македонското...

ШОКАНТНО – УЧЕНИК НАПАДНАТ СО НОЖ ВО ДВОР ВО УЧИЛИШТЕ ВО БИТ-ПАЗАР

Фото : Илистрација Соученици нападнале дете во двор во училиште...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ