КОВАЧЕВСКИ : ВЧЕРА БЕШЕ ПОРАЗ ЗА ПРАВНАТА ДРЖАВА, ЌЕ СТОРИМЕ СЕ ЗА ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ ВО 2024 ГОДИНА

0
671

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски е разочаран од одлуката на Апелација за укинување на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“. На партиска трибина во Скопје, тој рече дека СДСМ ќе стори сè да победи на изборите во 2024 година за учениците на Никола Груевски повторно да не ја заробат државата.

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ рече дека партијата нема да прави компромис за иднината, велејќи дека како булдожер ќе го прегазат секој кој што ќе се попречи на тој пат.