КОВАЧЕВСКИ : ВО ТЕК Е ПОДГОТОВКА НА НОВА ВЛАДИНА ПРОГРАМА, ФОКУСИРАНА НА ЕКОНОМИЈАТА И ЕФИКАСНОСТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ

0
412

Во тек е процесот на преговори и подготовка на програмата на новата Влада, програма која ќе биде фокусирана на економијата, на ефикасноста на институциите, порача вечерва претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервју за Телевизија Сител.

„Ова е Влада која што мандатот го има добиено, односно владината коалиција на изборите 2020 година. Сега имаме нов партнер во владата, тоа е партијата Алтернатива. Веќе извршивме разговори со сите коалициони партнери, значи се работи на подготовка на нова програма со која ќе биде предложена заедно со владата. Таа владина програма ќе биде фокусирана на економијата и на зголемување на ефикасноста во извршувањето на работите. Особено во зголемувањето на реализацијата на капиталните инвестиции. Исто така ќе бидат адресирани и најголемите предизвици кои што ги имаме оваа година и идната година, а тоа е справувањето со пандемијата и задржување на животниот стандард на граѓаните. Во услови на економска криза предизвикана од пандемијата и решавање на проблемите кои настанаа од европската енергетска криза“ истакна претседателот Ковачевски.

Ковачевски посочи дека нема да ги користи целосните уставни рокови за формирање, туку планира предлог составот на Владата да биде поднесен на 11 јануари по што согласно роковите, да биде закажана седницата за избор на новата Влада.