КОВАЧЕВСКИ : ВМРО-ДПМНЕ ДА НЕ ГО БЛОКИРА ЗАКОНОТ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ НА 4.700 НАСТАВНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО

0
1654
Во интервју за Алсат телевизија претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да се откаже од блокадите на измените на Законот со кој 4.700 наставници во основното и средното образование ќе добијат трансформација на работниот однос, а со тоа и повисоки плати.
„Ние како партија имаме поднесено законско решение, во Собранието, прво за трансфорамација на работниот однос на 4.700 наставници во образованието од определено на неопределено работно време, потоа за исплаќање на плата која што ќе биде со коефицинети на минималната плата, за вработување на помошници во самите образовни институции. И тоа законско решение беше блокирано од истата таа опозиција која што денес бара усогласување на платите, што само по себе е парадокс. Ова законско решение е блокирано повеќе од една година“ посочи Ковачевски повикувајќи опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од блокадите.
Претседателот Ковачевски истакна дека во овие четири и пол години, освен минималната плата, има раст на платите во сите сектори и тоа е потврдено со официјални податоци.
„Најголем историски раст на платите во социјалната сфера беа направени за време на оваа Влада, над 20% беа зголемени платите за негувателките, докторите, лекарскиот персонал добија најголемо историско зголемување“ порача Ковачевски додавајќи дека не може некој кој што бил против сето тоа денеска да го суди решението кое што е во интерес на работниците и во интерес на зголемувањето првенствено на минималната плата, потоа и на просечната плата.