КОВАЧЕВСКИ : ВИСТИНСКИОТ ЛИДЕР СЕ ГРИЖИ ПОВЕЌЕ ЗА ДРУГИТЕ ОТКОЛКУ ЗА СЕБЕ

0
403

Вистинскиот лидер се грижи повеќе за другите отколку за себе и својот личен интерес, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на завршниот настан на Политичката академија за социјална демократија во организација на Прогрес институтот.

Ковачевски порача дека младите социјалдемократи треба да бидат активни и гласни, да бидат што повеќе вклучени во процесите на креирање и реализација на квалитетни младински политики.

-Политиката не треба да доживувате како можност за брзо вработување и решавање на животните предизивци преку ноќ. Таа треба да биде канал да учите, да напредувате, да се развивате.

Преземајте одговорност за она што го правите, бидејќи тоа е она што вистинските лидери го прават. Преземањето одговорност за одлуките и постапките кои ги правите е она што во суштина ја гради довербата со луѓето околу вас и прави тие да ја ценат вашата работа и труд.

Во периодот кој следи СДСМ мора да се менува, а вие мора да бидете носители на таа проемена. Не смееме да дозволиме младите да ја губат довербата во политиката. Изгубена доверба во политиката значи изгубена доверба во иднината. Наша заедничка обврска е да ја промениме оваа перцепција, рече Ковачевски.