Коалиција за Промени и Правда од Кочани: Не го менуваме Уставното име

0
761

Под мотото „Не плашете се, режимот ќе падне” ,Коалицијата за Промени и Правда вечерва одржа митинг во Кочани. Лидерот на Демократскиот Сојуз – Павле Трајанов , пред кочанчани посочи дека никој не треба да се плаши од режимот и дека коалицијата е гарантот за стабилноста и економскиот просперитет.

„Сигурен сум дека во Кочани веќе никој не се плаши од режимот. И јас не се плашам. Не се плашев ни во 1991 год. Кога раководев со единствената вооружена сила и кога без испукан куршум ја испративме ЈНА. Не се плашам ни од Груевски и неговата разулавена банда. Ќе им кажеме марш од власта и ќе ги испратиме во бизнис центарот во Идризово. Од државава се изнесени околу 30 милијарди евра. Ако не ги вратиме сите, ќе вратиме 6 кои нема да ги оставиме во буџетот, туку ќе им ги поделиме лично на граѓаните.Тие што се разочарани од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, нека гласаат за оваа коалиција. Ме среќаваат полицајци и ми се жалат од патртизацијата и уништувањето на МВР. Ме потсетија на времето кога бев министер како им ги зголемив платите и редовно им се исплаќаа сите додатоци”, додаде Трајанов.

Носителот на изборната листа на коалицијата во ИЕ 4- Слободан Богоески додаде дека во овие 25 години ЕУ и НАТО станаа само обична порака за партиите.
“Режимот не го слуша народот. Отиде на клиники, зашто не може да слуша за потребите на граѓаните. Тоа што го гледавме воизминативе 25 години се претвори во систем што ни комунистите не можеа да го направат. Убаво пишува во извештајот на Прибе. Треба да ги сработиме домашните задачи. Сетете се како се живееше до 90 тите. Сега во се сме уназадени. Од земјоделие до човекови права. Добивме држава со сиромашни граѓани и богат државен апарат. Затоа се залагаме за враќање на правото и правадата. Тиранијата на Груевски и фамилијата веќе не можат да јас истрпат ни во ВМРО-ДПМНЕ ”- изјави Богоески.
Носителката на изборната листа во третата изборна единица м-р Весна Стоименовска, пред кочанчани вети итни економски мерки за младите да останат тука, а оние кои веќе заминале да имаат за што да се вратат.

“Прашувам каде ни отидоа младите. Неофицијалната бројка е дека над 60.000 млади и работоспособни се иселиле од овој крај . Градовите од истокот се преполовени по број на жители. “Ги сотреа паметните“. Размислете, колку Ваши деца или деца на Ваши роднини, пријатели, комшии, млади, умни и работоспособни си заминаа? Најголемата изборна единица во Македонија има најмалку жители и демографски старее. Овој еднопартиски, олигархиски и криминален систем, не само што го ограби народот, туку ги избрка и младите. Но, порачуваме ќе ги вратиме и парите украдени од граѓаните, а ќе ги вратиме и младите. За поддршка и вработување на млади и стручни кадри ќе формираме фонд за млади во износ од 2% од Буџетот на РМ. Како одговор на невработеноста, преку субвенции, грантови и кредити ќе се фокусираме на отворање на мали и средни претпријатија со 3-5 вработени и ќе ги изедначиме условите за инвестирање како за странските, така и за домашните компании.”- додаде Стоименовска

Сопоред анализите на Колицијата, се покажува дека има услови за минимална-најниска плата од 300 евра и формирање фонд за поддршка на текстилната и кожарската индустрија.

Повисоките плати ќе ја зголемат продуктивноста и ќе биде основа работодавците од странство, многу повеќе да го ценат трудот на работниците .

Со војна против криминалот, робусни антикорупциски мерки ќе се спречи и натаму да грабаат од народот.

Со централизирани јавни набавки, силни антикорупциски мерки, кастрење на непродуктивни трошења (споменици, тркала и сл. ), војна против криминалот и сл., ќе се заштедат доволно пари и за минимална пензија од 200 евра и социјална помош од најмалку 100 евра.

Објавуваат војна против криминалот и доследна имплементација на проектот ДЕКРИ.

Коалицијата за Промени и Правда предвидува и други работи кои го подобруваат квалитетот на животот:

-Работното враме да почнува од 7 часот

-Само 100 денари такса за остварување право пред судовите (сега се потребни 10.000 евра)

-Намалување на паричните казни за две третини

-Укинување на радиодифузната такса и реформа на МТВ во јавен сервис

-Поддршка на секој земјоделец кој произведува, а не на таканаречени концесионери-бандити кои ги експлоатираат вистинските земјоделци.

Се предвидува рез во судството и обвинителството и јасно се става дознаење дека Македонија за мандатниот период од следните четири години ќе биде полноправен член на НАТО и ЕУ, без да го менуваме Уставното име.