Wednesday, April 23, 2025
9.8 C
Skopje

КОАЛИЦИЈА ВРЕДИ : ПО ПОВОД 43-ГОДИШНИНАТА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА СПЕЦИЈАЛНАТА ЕДИНИЦА „ТИГРИ“, ТАЛАТ ЏАФЕРИ БЕШЕ ПРАШАН ОД СТРАНА НА НОВИНАРИТЕ, ЗОШТО СЕ УШТЕ НЕМА АЛБАНЕЦ ВО ОВАА ЕДИНИЦА

Неговиот одговор беше дека прашањето треба да го упатат до ресорното Министерство како надлежна институција за ова, а не до Владата.

•⁠  ⁠Со ваквите одговори Талат Џафери уште еднаш го потврди нашето досегашно тврдење кое одреден дел од граѓаните не можеа да го разберат бидејќи беа водени од еуфоријата на симболиката. Премиерот Албанец од редовите на ДУИ не е ништо друго освен симболика без конкретни и прагматични резултати. Како таков, тој останува технички и немоќен да води напред какви било прашања на Албанците и на граѓаните воопшто. Неговата задача е претворена во наметнување на неговата улога на инспектор и важен авторитет за државните службеници.

Се фали одејќи по канцеларии и глумејќи вистински премиер со право да посетува сè, но таму каде што не му одговара или каде што нема доволна надлежност, Талат Џафери ја фрла топката на одговорноста на друго место.

•⁠  ⁠Ако ова беше надлежност на Министерството, тогаш каде беа вашите министри како Агим Нухију и Земри Ќамили, кои имаа соодветна надлежност за ова прашање, но кои воопшто не беа заинтересирани за состојбите во специјалната единица Тигри, каде за Албанците вратата останува затворена.

•⁠  ⁠За Албанците нема поголема навреда од тоа да имаат министер Албанец за образование, а од друга страна, учениците Албанци да не можат да следат настава на својот мајчин јазик; нема поголема навреда од тоа да имаш министер за финансии Албанец, а за места со албанско население да се доделуваат скандалозни буџети, и нема поголема иронија од ситуацијата со премиерот Албанец, кој нема ниту ингеренции, ниту соодветен легитимитет да ја објасни дискриминацијата каде ниту еден Албанец не е вработен во една толку важна единица за националната безбедност на нашата држава.

•⁠  ⁠Затоа, граѓаните треба да знаат дека како што идејата за првиот премиер Албанец предложен од ДУИ беше невалидна и јалова, така ќе биде и идејата за првиот претседател Албанец. Албанците навистина заслужуваат да имаат претседател Албанец, но тој нема да биде од редовите на ДУИ, партијата која преку генерирањето на континуирани симболични и јалови ветувања не постигна ништо друго освен да ги втурне Албанците во мизерија и миграција.

•⁠  ⁠Првиот претседател Албанец мора да биде достоинствена личност, а не пасивен симбол и фигура без никаква тежина на авторитет и легитимитет, соочен со потребите на граѓаните. Единствената и вистинска вредност на Албанците поминува само преку коалицијата ВРЕДИ.
•⁠  ⁠Албанците нека бидат сигруни дека по 8 мај, албанските кадри ќе имаат пристап до сите институции, дури и во оние кои се монополизирани и моноетнизирани.

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ВИСОКО НИВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски,...

ЉУТКОВ ЗА ТВ СИТЕЛ НАЈАВИ УТРЕ ДО 16 ЧАСОТ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева...

ХАРВАРД ЈА ТУЖИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ