Клучниот сведок Љубиша Арсиќ не го откри идентитетот на пријавувачот на лични карти

0
554

Сведокот Љубиша Арсиќ во судскиот процес против Чауш изјави дека личните карти му биле дадени на улица во лист хартија 105 лични карти, за кои му рекле дека има над 30000 кои биле употребени на избори а се правеле на две локации во Скопје. Полицијата била запознаена.

Обвинителството праша дали го познава тој што му ги дал но бранителот на Чауш реагира бидејќи своите извори свиркачи според Уставот треба да го чува идентитетот. Но судот го дозволи ова прашање бидејќи судот утврдува факти. Арсиќ одговори дека не сака граѓаните идни пријавувачи на кривични дела да се одрекуваат од пријавувања. Тој додаде дека овој извор за него останува анонимен.

Извор: Телма