Friday, January 17, 2025
-1.2 C
Skopje

КЛИНИЧКА БОЛНИЦА – ШТИП ДОЛЖИ 160 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Штипска Клиничка болница годината ја завршува со долг од 160 милиони денари. Мирјана Ефтимова економист во Клиничка болница-Штип вели дека во моментов најголемиот им екон Центарот за тарнсфузиологија, а изнесува 30 милиони денари. Таа вели дека имаат доспеани долгови и за набавка на лекови и друг медицински материјал.

-Штипската Клиничка болница наследи вкупен долг од 190 милиони денари. Доспеани обврски имавме околу 160 милиони денари. Успеавме за овие четири до пет месеци, да ги намалиме за околу 30 милиони денари. Вкупниот долг сега е 160 милиони денари, а доспеаните обврски се 132 милиони денари. Најголем долг имаме кон Републичкиот завод за трансфузиологија, кој изнесуваше 40 милиони, но успеавме да го намалиме за 10 милиони денари, изјави Ефтимова. Таа истакна дека болничкиот центар се очекува наредната година да има поголем буџет, а во 2025 година со работа ќе почне Ургентниот центар, ќе се работи и на модуларната болница, која е мета на крадци конечно и ќе се пренамени, а во неа ќе се отворат амбуланти за специјалистички прегледи.

-Имаме инвестиции во градежни објекти. Таму спаѓаат Ургентниот центар. Предвидена е реконструкција на модуларната болница. Планирано е реконструкција на кровната конструкција на Инфективното одделение. Предвидени се инвестиции во медицински апарати, изјави Ефтимова. За старите медицински апарати за сервисирање се потрошени околу 11 милиони денари, а пак за партиципацијата која ја плаќаат пациентите за лекување на некое од одделенијата, Клиничката болница е во загуба од осум милиони денари.

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски...

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ