Wednesday, April 23, 2025
9.8 C
Skopje

КЛЕКОВСКИ: СТРУЧНАТА ФЕЛА ДА КАЖЕ ДАЛИ НА МАКЕДОНИЈА И Е ПОТРЕБЕН ЦЕНТАР ЗА ТРЕТМАН НА ИЗГОРЕНИЦИ

Страотната трагедија во Кочани го отвори и прашањето зошто Македонија со години наназад нема Центар за третман на изгореници. Дали требаше да се случи вакво нешто за да се размислува за повторно ставање во функција на Центарот за изгореници во ГОБ „8 Септември“. Дури и да имавме Центар за изгореници, ние повторно ќе бевме во ситуација со првите четири пациенти тие да бидат блокирани, вели првиот човек за здравство Таравари.

„Ние повторно на пластична хирургија имаме не четири, туку повеќе кревети каде што може да се третираат пациенти со изгореници, не само тука туку и во Интензивна нега на Клинички центар, меѓутоа и на интензивните неги во „8 Септември“ и Општа градска болница“, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

„Секако дека немавме за сега план пред да се случи ова. Сека ова ќе забрза креирање на таков Центар барем таму каде што постоело во „8 Септември“ и во Градска болница. Јас од тука одам во Градска општа болница и прва работа што ќе зборам со директорот е трансфер на уште неколку пациенти што се таму и што се во посериозна состојба и второто е дали можеме да направиме таму центар, не само за изгореници, туку и центар за гангрени“, додаде Таравари. 

Според Клековски, клучното прашање е дали ни е потребен Центар за изгореници тука и стручната фела треба да го каже својот став, доколку се знае дека во 2024 година сме имале само пет тешки случаи со висок степен на изгореници.

„Ние во десет години имаме пет тешки случаи што сме испратиле во странство и уште десетина што се во Македонија. Значи прашањето е дека треба да направиме проценка дали ни е потребен тој центар тука или е поедноставно да имаме договор за соработка со „Пирогов“ во Софија или „Папаниколау“ во Солун. Знаете дека последните неколку години сите комплицирани случаи сме ги испраќале во „Пирогов“. Бидејќи повторно не е само да имате техника и кревет, туку и доктори кои тоа го работат секојдневно“, изјави Сашо Клековски, директор на ФЗОМ.

Во телефонски разговор за Телма, д-р Андоновска, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија со 35 годишно работно искуство, воедно и основоположник на Центарот за третман на изгореници во тогашната Градска општа болница вели дека здравствените власти и целиот здравствен систем реагираа брзо и соодветно во однос на згрижувањето на пациентите со изгореници, но мора да се актуелизира проблемот со формирање на современ Центар за изгореници. Во однос на ставот на првиот човек на Фондот за здравство, д-р Андоновска со став:

„Видете не можам да ги коментирам бројките кои што се дадени сега дека станува збор за мал едноцифрен број на пациенти со изгореници на годишно ниво. За мене е тоа неразбирливо затоа што во Центарот за изгореници којшто постоеше 15 и пол години во тој период спрема статистиката која што е таму достапна (јас не сум во болницата од 2013 година, меѓутоа сигурно имам податок дека се лекувани 1.316 со тешки, односно екстензивни изгореници што би било просечно над 85 пациенти годишно. Дополнително се третираа на самото одделение и на одделението на детска хирургија во истата установа. Ценам дека во тој период и во останатите установи се лекуваа дополнително пациенти со изгореници така што бројката би била сигурно 100 на годишно ниво“, изјави д-р Добрила Андоновска, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија.

Според Андоновска, треба да постојат два засебни оддела во идниот Центар за третирање на изгореници, тоа е оддел за деца до 14 години и оддел за возрасни пациенти. Вистинска штета е што во минатото беа ставени вон функција два Центра за изгореници, вели таа, првиот во поранешна Воена болница, а другиот во Старата Градска болница, кој беше отворен во септември 2000 година со помош на јапонска донација, ставен вон функција во јули 2016 година, поради планирано реновирање. Во Центарот успешно се лекувале 1316 пациенти со ,,тешки” изгореници.

Извор : Телма ТВ

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ВИСОКО НИВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски,...

ЉУТКОВ ЗА ТВ СИТЕЛ НАЈАВИ УТРЕ ДО 16 ЧАСОТ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева...

ХАРВАРД ЈА ТУЖИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ