КЛЕКОВСКИ : ВМРО-ДПМНЕ УЧТИВО, КУЛТУРНО, ДОСТОИНСТВЕНО ЌЕ ГО ЧЕСТВУВА РОДЕНДЕНОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

0
299

Учтиво, културно, достоинствено. Вака ВМРО-ДПМНЕ ќе го чествува денот на раѓањето на Гоце Делчев, рече Сашо Клековски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител. Тој посочи дека инцидент оди во прилог само на Бугарија.„Од друга страна е МВР кое треба да се погрижи за било каква провокација, инцидент или треба да обезбеди минимизирање на било какви провокации“, рече Клековски.Според него целата атмосфера дојде до тука бидејќи државата претходни ништо не спречуваше или на претходните инциденти имаше слаби реакции.

„Ние сме на најниска точка во односите со Бугарија, од потпишување на Договор стигнавме до тука. Ескалацијата почна од отворање на клубовите, чествувањето на Мара Бунева и слично. Случајот во Охрид гледаме до каде стигна. Случајот е последица на неспособноста на надлежните, кога не може нешто да среди говори за хибридна војна, ако имаат такви информации тогаш нека ги средуваат работите, а не да зборуваат по медиуми“, рече Клековски.

Клековски констатира дека обидот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да ги изедначи двете страни е погрешен. Тој илустрираше со ситуацијата кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше во Благоевград и оти тој не говореше дека Бугарите се Македонци, а Бугарите тоа го прават тоа кај нас.„И по вакви случувања следи Декларација во бугарското Собрание кое ги поддржува овие и слични нивните тези“, посочи Клековски.