КЛАНИЦА НА БИХАЧКА : Освен Кирацовски и сите потпретседатели, разрешен и Миле Зечевиќ, за разрешување на министри ќе се одлучува дополнително!

0
1381

Централниот одбор на СДСМ вечерва ги разреши генералниот секретар на партијата, шестте потпретседатели и организацискиот секретар.

Според партиски извори разрешен е Александар Кирацовски од генерален секретар и Миле Зечевиќ од организациски секретар. Разрешени се и потпретседателите на партијата Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Фросина Ташевска-Ременски, Петре Шилегов, Мухамед Закири и Благој Бочварски, како и претседателката на Форумот на жени Цветанка Ласкова.Овие позиции, како што се најавува, треба да се пополнат на нова седница на ЦО – на 9 или на 16 јуни.

Донесените одлуки на ЦО се очекува да ги потврди лидерот на партијата Зоран Заев во изјава за медиумите по завршување на седницата.

Премиерот претходно разреши 78 претседатели на општински организации на партијата.

Ова се дел од кадровските смени што ги најави премиерот за време на претседателските избори. За министерските смени ќе се одлучува на нов состанок.