КИЧОТ НА ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА

0
782

Парламентарната демократија не учи да делегираме претставници за прашања што нè засегаат нас и нашите животи. Но големи проблеми се појавуваат кога тие претставници ќе добијат желба да се одвојат од својата база, од луѓето кои ги избрале.

Таму нема идеологија, само личен интерес,а тоа го гледаме многу често,со не јавување,непомагање,со индиферентност и со тотално погрешна кадрова политика!

Ова е суштинско непознавање на концептот на политиката, бидејќи сите ние, кои сме општествени суштества, сме и аристотелски “zoon politikon”, и затоа секој чин што го правиме како граѓани е и политички чин.

За човек на кој егзистенцијата му е загрозена, прашањето на политичката култура не значи ништо, а не значи ниту прашањето за слободата на медиумите. Таквите луѓе со заби се држат за воздухот и се обидуваат да живеат. Одговорност на политиката, во изворна смисла, е да обезбеди економска стабилност и независност на луѓето со цел да се справи со јавните прашања што се однесуваат на самите нив.

Прашањето од милјон долари е: ни дојде ли умот?

Авторот е архитект, познат на редакцијата.