КИЧЕВСКИ : СКОПЈАНИ ГЛЕДААТ СЕРИОЗЕН ПАРТНЕР ЕДИНСТВЕНО ВО ПРЕМИЕРОТ, ОДГОВОРНОСТА ЗА ХАОСОТ ВО СКОПЈЕ Е КАЈ ВМРО-ДПМНЕ

0
375
Добро е што приватните превозници излегоа в пресрет на барањето на премиерот Ковачевски да ги ослободат улиците и да овозможат граѓаните на Скопје да живеат нормално, приватните превозници гледаат сериозност во Владата и премиерот и замоливме да бидеме медијатори на проблемот кој го креираат ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, порача претседателот на ГО на СДСМ, Васко Кичевски во емисијата „Клик плус” на ТВ 21.

– Хаосот што се случува во Град Скопје е одговорност исклучиво на ВМРО-ДПМНЕ. Заради нивни кавги за провизии и тендери страдаат граѓаните на Скопје, посочи Кичевски.Кичевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ја предложи и победи со Данела Арсовска, дека во Скопје го освои градоначалничкото место, има претседател на Совет и мнозинство во Совет и тој совет назначи членови на Управни и Надзорни одбори на сите јавните претпријатија.

– Ако не знаете како се раководи со управни и надзорни одбори,време е да ги повлечете вашите кадри и да дозволите на некој друг да раководи. Кога имате управен и надзорен одбор и имате сомнеж за набавка на нафтени деривати и сомнителен тендер имате право преку надзорниот одбор да ги побарате документите и за истите да побарате смена поради малверзации кои се случуваат во ЈСП.

Ако не знаете да работите со управните и надзорните одбори, треба да си признаете дека не знаете да раководите со Град СКопје кој го добивте од граѓаните пред година и два месеци, а добивте и уште пет други скопски општини, порача Кичевски.Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не може да ги заврши ниту наследените проекти од СДСМ, а нема ниту идеја како да се реши состојбата со јавниот превоз.

ВМРО-ДПМНЕ нема визија како да се реши состојбата со јавниот превоз во Скопје. Прво кажавте дека ќе купувате 250 автобуси, после Мицкоски кажуваше дека ќе се градело фабрика и ќе имало 100 нови автобуси, Арсовска кажа дека годинава ќе се купеле само 50 автобуси а во предлог Буџетот не видовме таква намера за купување автобуси, истакна Кичевски додавајќки дека граѓаните немаат поблем само со јавниот превоз, туку и со хигиената а таа е одговорност е и на општините кои се предводени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.