КИТАНОСКИ : СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ – ИМА ПАРИ ЗА ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА, АМА НЕ И ЗА ПРВАЧИЊА

0
184

Прес конференција на Александар Китаноски – Советник во Советот на Општина Прилеп.

Почитувани,

Кога на истекот од првата година од четиригодишниот мандат, вработувањето на 40 партиски војници во општинската администрација ќе биде неговото најголемо и единствено „достигнување“, тогаш нема никаква дилема дека Борче Јовчески е најлошиот градоначалник во историјата на Прилеп.

Ноторна лага е дека новите вработувања се должат на зголемениот обем на работа на локалната самоуправа. Вистината е дека енормното зголемување на администрацијата е неуспешен обид за покривање на нереализираните изборни ветувања и купување на изгубената доверба на Јовчески кај неговите сопартијци.

Впрочем, најдобар доказ дека вработувањата се прават без никаков план и претходна анализа, е тоа што три месеци пред завршувањето на календарската 2022 година, градоначалникот Јовчески веќе ги потроши планираните 12 милиони денари за времени вработувања .

Од тие причини, со претстојниот ребаланс, за истата намена од општинскиот буџет ќе бидат одделени нови 3.5 милиони денари. Тоа значи дека за задоволување на хировите на Јовчески и неговата „паралелна“ администрација, само за една година граѓаните на Прилеп од свој џеб ќе платат неверојатни 250.000 евра.

Притоа, колку и да звучи неверојатно, за исти работни позиции платите на нововработените се повисоки од оние на редовно вработените.
Дека градоначалникот Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ се целосно незаинтересирани за проблемите на прилепчани и за начинот на кој ги трошат парите на даночните обврзници, потврди последната седница на општинскиот Совет.

Имено, Јовчески и советниците на ДПМНЕ останаа „глуви“ на предлогот на СДСМ и Коалицијата за исплата на еднократна субвенција во висина од 5.000 денари за секое семејство кое има прваче во учебната 2022/2023 година.

После бранот поскапувања донесени на последната седница на Совет и тоа 67% за комуналните услуги, 23 % Водовод, 50 % градскиот превоз, секоја финансиска помош за семејствата на повеќе од 700 првачиња ќе беше добредојдена.
За жал, една голема лага е и ветувањето од страна на градоначалникот Јовчески за субвенционирање на оброкот за сите ученици од прво до петто одделение, со што покажа отсуство за интересите и потребите на нашите најмлади сограѓани.

Градоначалниче Јовчески, во пресрет на годишнината од седнувањето во градоначалничката фотелја, граѓаните на Прилеп со нетрпение очекуваат да им објасните каде и како ги трошите нивните пари.