Китанов: Инвестираме 15 милиони евра за 16,9 километри во изградбата на втората фаза на експресниот пат Штип – Радовиш

0
1170

Директорот на Јавно претпријатие за државни патишта Зоран Китанов и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски извршија увид во изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш.

Изградбата на патот во должина од 40,4 километри се одвива во две фази. Првата фаза клучка Штип-Бучим во должина од 23 километри, е со реализација од над 80 проценти, а инвестицијата изнесува 27 милиони евра.

Во тек се активностите на вторатата фаза Три Чешми-клучка Радовиш.