Почитувани,
До мене како член на Советот на Град Скопје но и како човек кој е ЗОО активист и ја следи ,сака Скопската Зоолошка градина денес пристигна молба од вработените во оваа установа и барање за реакција и помош.
Истите известуваат дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање, веќе сме Мај а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?!
Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!!
Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!
Често барам одговорност но овој пат изгледа ќе треба да побарам и протести пред оваа установа која го допре дното во секоја смисла!
Град Скопје , Данела Арсовска , Зоран Попов…?!
Фејсбук статус на Стефан Кирков,член на Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.