КИРИЛ ПЕТКОВ ЗА ,,БИ-БИ-СИ” : БУГАРИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НЕМААТ ПРАВО НА ПРАВНА ЗАШТИТА

0
766

Новинарот на ова му одговори дека ниту „етничките Македонци ги немаат тие права во Бугарија“, а бугарскиот премиер не одговори директно на оваа забелешка.

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, во интервју за емисијата „Хардток“ на „Би-би-си“, зборуваше за отворените прашања на оваа земја со Северна Македонија, истакнувајќи дека Бугарите кои живеат во С Македонија немаат право на правна заштита.

„Ја променивме агендата кон заедничките работи, наспроти кон проблемите. Имаме проблеми, да заборавиме на историските за кои сега се зборува. Постојат други проблеми кои треба да ги решиме, на пример Бугарите во Северна Македонија сѐ уште немаат право на правна заштита“, истакна Петков.

Новинарот на ова му одговори дека ниту „етничките Македонци ги немаат тие права во Бугарија“, а бугарскиот премиер не одговори директно на оваа забелешка.

Бугарскиот премиер сепак истакна дека во разговорите со премиерот Ковачевски успеале да се договорат за решавање на овој проблем.

„Добри вести се тоа што кога разговараме со премиерот на С.Македонија, целосно се договоривме дека Бугарите треба да имаат легални права кои ги имаат сите Македонци и останатите народи како што се Албанците, добра работа е што имаме разбирање околу тоа. Прашањето е како да се стигне дотаму и кој е патот јавноста во двете земји на тоа да се согласи“, истакна Петков.

На прашањето околу европскиот пат на Северна Македонија, Петков одговори дека би сакал да ја види земјата како нова членка на ЕУ.

Извор : 360 степени