Изјава на Дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, во врска со изјавата на Министерот за финансии при посетата на ММФ и Светска банка во САД:
Овие сериозни забелешки од меѓународните финансиски институции досега власта не само што ги изигнорира, туку и со предложениот неразвоен Буџет за 2017 дури ги продлабочува проблемите нотирани во последните извештаи на ММФ и Светска банка.Веднаш по изборите, ќе биде донесен Буџет според потребите на граѓаните, а за сите непотребни милионски задолжувања на граѓаните, ќе има одговорност.