КИРБИ : САД ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЌЕ ОБЕЗБЕДАТ ДОПОЛНИТЕЛНИ ПАКЕТИ ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА

0
76

Соединетите Американски Држави ќе обезбедат дополнителни пакети воена помош за Украина во наредните денови, изјави Џон Кирби, советник за национална безбедност во Белата куќа, во интервју за Ем-Ес-Ен-Би-Си.

Претходно денеска кабинетот на украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров соопшти дека тој разговарал со неговиот американски колега Лојд Остин за ситуацијата на бојното поле и за одбранбените потреби на Украина.