Александар Кирацоски пратеник на СДСМ кој беше дел од повредените пратеници на 27 април, на денешното рочиште на кое им се суди на напаѓачите на Зијадин Села нагласи дека тој ден околу 19 часот влегол да ги слушне двете прес конференции.
Александар Кирацоски пратеник на СДСМ кој беше дел од повредените пратеници на 27 април, на денешното рочиште на кое им се суди на напаѓачите на Зијадин Села нагласи дека тој ден околу 19 часот влегол да ги слушне двете прес конференции, а потоа по упадот во собранието се обидел да помогне толпата да не влезе во прес салата каде што биле подоцна повредените.
Прво не навредуваа, а потоа и не удираа. Толпата беше бесна орда и сакаше да убие некого. Тоа и процесот ќе го докаже. Не спаси присебноста, обезбедувањето на Оливер Спасовски, тие кои го чуваа Заев и Господ – рече Кирацоски.
Додаде дека Села го штителе, но фрлен тврд предмет оти бил висок го удрил во глава. Исто така рече дека му викале “Мамето твое шиптарско”, биле навредувани а трпеле и закани по живот.
Извор : Судство.Мк