КИРАЦОВСКИ СО ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

0
645

По повод празникот Свети Климент Охридски, генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Кирацовски упати честитка до православните верници во Република Македонија, до поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот Охридски и Македонски, г.г.Стефан, и до членовите на Синодот.

„Почитувани, во мое лично име и во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ви го честитам 8-ми Декември, големиот Христијански празник – Св. Климент Охридски.

Празнувајќи го денешениот ден, му оддаваме почит на основачот на првата Охридска книжевна школа, родоначелник на словенската литература, првиот словенски епископ и втемелувач на Охридската архиепископија – Св. Климент Охридски.

Благодарение на овој голем човек кој целиот свој живот го посветил на описменувањето, на македонската и сесловенската литература, денеска сме горди на кирилицата и секоја буква што ја пишуваме треба да не потсетува на важноста која неговото дело ја има за нас.

Делото на Климент Охридски е особено важно за развој на врвните цивилизациски вредности. Неговиот труд и искрената посветеност се пример за дело кое останало во трајно наследство на генерациите што доаѓаат. Да го следиме Свети Климент и неговото дело кое е огромно и значајно, и на тој начин да изградиме праведно општество втемелено на вистински вредности.

Почитувани сограѓани, нека ни е честит големиот празник – 8-ми Декември, Свети Климент Охридски.