Кирацовски: Многу судии чекаат сериозен предмет на СЈО против власта да падне во нивни раце

0
390

Потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски, во интервју објавено во најновиот број на неделникот Фокус, најавува дека наскоро сериозни предмети на Специјалното јавно обвинителство ќе стигнат во рацете на судии во скопскиот кривичен суд кои позитивно ќе одговарат на барањата за мерки против високи функционери во власта за кои постојат индиции за коруптивни активности.

-Преку СЈО, јавноста доби потврда за се она што лидерот на СДСМ Зоран Заев и сите ние во минатата сме го говореле. Сега е јасно кој прислушувал, кој местел судии, судски одлуки… Притворот за битолскиот градоначалник Владимир Талески, на пример, е скромен чин на храброст на еден од судиите, но имам информација дека секојдневно судии се охрабруваат и едвај чекаат одреден предмет против власта да падне во нивни раце. Ве уверувам дека за скоро време сериозни предмети ќе стигнат во рацете на храбри судии кои секојдневно се одважуваат – вели Кирацовски за Фокус.

Потпретседателот на СДСМ, кој воедно ја извршува и функцијата дополнителен заменик-министер за информатичко општество и администрација, во интервјуто главно говори за обемот на вработените во јавниот сектор, за заплашувањата, уцените и притисоците што, според него, власта ги врши врз административците, како и за нивната злоупотреба за изборни цели.