Thursday, April 24, 2025
17.8 C
Skopje

Кирацовски: Зошто МВР молчи за изгорениот автомобил?

tojota-640x320

Очекуваме од чесните вработени во Министерство за внатрешни работи, а убедени сме дека такви има, професионално, да го расветлат сомнителниот случај во којшто е запалено возило на истакнат активист на СДСМ во Битола, рече Александар Кирацовски.

Еве како до пепел изгоре запаленото возило на Маријан Јовановски, а полицијата од синоќа молчи.

Со оглед на тоа што возилото на Јовановски беше опожарено по масовниот митинг на СДСМ во Битола и обело-денувањето на скандалозните докази за инволвираност на локалната и извршната власт во против-законски и криминални цели, со право јавноста во Битола реагира: Дали на власта и пречи Марјан Јовановски?

Без да алудираме на било што, сакаме јавно да ја изнесеме некои факти, а јавноста нека суди!

Јовановски е еден од најактивните критичари на оваа власт, кој со својата досетливост и остра критика кон власта стана познат и на државно ниво.

Активен е по социјалните мрежи со пародична критика кон директорот на УБК. Беше оганизатор на пародичниот маскембал “Влада на РМ“, каде главни маски беа ликовите на Груевски, Мијалков, Јанкуловска, Ставревски, Протогер.., а Марјан ја носеше маската со ликот на Мијалков!

slika-2

 

slika-3

Очекуваме од одговорните по закон, – расветлување на вчерашниот кукавички инцидент што треба да даде одговор дали критичкиот активизам на Јовановски е причината за истиот ?!

На нарачателите и сторителите им порачуваме:

Ако запаленото возило треба да биде сфатено како закана, знајте дека – ниту ќе не заплашите, ниту ќе не замолчите!

slika-4

Вистината за Македонија дојде по своето!

Нервозата кај тесниот врв во власта и нивните соработници е очекувана, но простор за манипулации со граѓаните веќе нема!

Како партија којашто почива на принципот на солидарност, информираме дека материјалната штета на Маријан ќе се обидеме да ја обештетиме преку хуманитарна акција, што ќе се реализира во просториите на сите Општински Организации на СДСМ и повикуваме да бидете дел од неа.

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

МАЖ ВО ПРИЛЕПСКО МАЖУЧИШТЕ ЗАГИНА ОД УДАР НА ГРОМ

Маж загина од удар на гром во Прилепско, соопшти...

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: ПРОЕКТИРАНИОТ РАСТ ОД 3,7 ОТСТО Е РЕАЛЕН

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која престојува во Вашинтон,...

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА „РЕКОРД“, ДОШЛЕ ЕКИПИ НА ИТНАТА ПОМОШ

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на „Рекорд“ во...

ТРАМП: БЛИСКУ СМЕ ДО ДОГОВОР СО ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мисли дека има...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ