Кирацовски: За уцени кон администрацијата предвидена е затворска казна до три години

0
737

Ве охрабрувам да ги пријавите сите притисоци, заплашувања, повреди на слободата на определување што се поврзани со изборниот процес, рече Александар Кирацовски, дополнителен заменик-министер за информатичко општество, на денешната прес-конференција, на која го најави проектот „Пријави притисок за фер избори“.

– Oд денеска ќе почнам со посети на институциите за кои постојат претставки испратени до веб-страната што ја отворивме за пријавување притисоци. Kе им порачам на шефовите и раководителите поставени како кадри на ВМРО-ДПМНЕ, кои Груевски и фамилијата ќе се обидат да ги користат за нивни лични цели, да внимаваат и да не дозволат да станат инструмент во рацете на криминалната власт! Законот е јасен и казните за вакво дело се строги.  Секој кој ќе се дрзне да врши притисок и заплашување на гласачите ќе одговара со казна затвор од најмалку три години, а доколку тоа го направи службено лице прети казна затвор од најмалку пет години. Во сите институции, ќе биде доставен допис во кој се опфаќаат условите за фер и регуларни избори во овој домен;
на секојa институција ќе биде поставен постер со оваа содржина, а до секој вработен во Јавниот сектор ќе биде доставен овој леток.
Не дозволувам злоупотреби на администрацијата! Ајде заедно да го санкционираме секој кој не и мисли добро на нашата држава. Секој кој злоупотребува, се заканува и уценува за лични и политички цели – рече Кирацовски.

Тој додаде дека тие што ќе се закануваат и ќе уценуваат или ќе прават притисоци врз вработените во администрацијата, можат да добијат и затворска казна до три години. Ако, пак, лице вработено во јавната администрација врши ваков вид казниви дела, казната за него може да биде и до пет години.

mkd-289713