Thursday, April 17, 2025
17.8 C
Skopje

КИНА НЕ ОСТАНА ПОКУСО ПА МУ ВРАТИ НА ТРАМП ОКОЛУ ТАРИФИТЕ СО ЗГОЛЕМЕНИ ДАВАЧКИ НА АМЕРИКАНСКИТЕ СТОКИ НА 125 ОТСТО

Пекинг денес ги зголеми царините на увозот од САД на 125 отсто, возвраќајќи на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги зголеми давачките на кинеските производи на 145%, со што ја засилува трговската војна што се заканува да ги наруши глобалните синџири на снабдување, пренесува Ројтерс.

Ова зголемување следи откако Белата куќа продолжи да врши притисок врз втората најголема економија во светот и втор најголем снабдувач на САД со увозни стоки, издвојувајќи ја за дополнително зголемување на царините, откако претходно паузираше поголем дел од „реципрочните“ давачки наметнати на десетици други земји.

Поранешен директор на Светската трговска организација изјави дека идните правила на глобалната трговија би можеле да се одредуваат надвор од оваа 30-годишна меѓународна институција, доколку таа не се реформира брзо.

Говорот на Роберто Азеведо, кој поднесе оставка како генерален директор во 2020 година за време на првиот мандат на Трамп, беше резимиран од трговски извори што присуствуваа на настан по повод годишнината на СТО.

Тој изјавил дека намалената подготвеност за прифаќање заеднички глобални трговски правила може да поттикне создавање на нова организација што би ја заменила СТО и која би исклучувала некои од сегашните членки, додавајќи – според неговиот тим: „Ако не се промениме, сме мртви.“

Извор: Новинска агенција МЕТА

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: НЕМА ПЛАТА ЗА ВЕЛИГДЕН ЗА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ

Денес е 17 април. Два дена после законскиот краен...

КОС: БУГАРИЈАА ГО ПОЗНАВААТ РЕГИОНОТ И ДОБРО Е ДА ГО ПОДДРЖИ ПРОЦЕСОТ НА НЕГОВАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор...

„ЛЕВИЦА“ ВТОР ДЕН БАРА ОСТАВКА ОД ТАРАВАРИ ЗА СКАНДАЛОТ НА КАРДИОХИРУРГИЈА

Политичката партија „Левица“ втор ден бара оставка од министерот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ