КИЛИЈАН МБАПЕ ОФИЦИЈАЛНО ИГРАЧ НА РЕАЛ МАДРИД, ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ ЌЕ ЗАРАБОТУВА

0
145

Фотографија : SkySport

Килијан Мбапе и официјално е играч на Реал Мадрид. Она што се најавуваше со денови, а беше сигурно со месеци, сега е и официјално потврдено. Клубот од Мадрид на својата официјална веб-страница потврди дека француската суперѕвезда пристигна како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ.

Мбапе (25) дојде во ПСЖ во 2018 година за 180 милиони евра од Монако. Иако играше со Меси и Нејмар и постигна 256 и забележа 108 асистенции за ПСЖ на 308 натпревари, тој не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Тоа не му успеа ниту годинава, ПСЖ беше елиминиран во полуфиналето од Борусија Дортмунд.

Долго време не го криеше незадоволството и беше извесно дека ќе си замине. Претседателот на клубот го задржа пред две години со еден од најголемите договори во историјата на фудбалот.

Месечно заработуваше околу 6 милиони евра бруто (2,7 милиони нето), доби бонус од 180 милиони евра само за потпишување на договорот и дополнителни 70 милиони на крајот од секоја година од договорот, кој требаше да трае до три години. Но, кога го потпишуваше договорот му била понудена опција да замине бесплатно по две сезони и тој реши да ја искористи таа опција.