Кекеновски : Повторно за амалите на туѓиот срам

0
542

Во неделата навечер одбрана квази вмровска елита на коктел и фанфари во Музејот на ВМРО. Дотерана во тоалета по најнова мода и намирисана со најскапи парфеми.

Вчера измачени ,,амали на туѓиот срам“ приморани на улица на +45 степени, без вода да вршат притисок врз судот за ослободување на осомничениот Талевски.

Јас искрено не видов некој од блиските роднини на вождот (на пример: мајка му, сопругата Боркица или блиските на Боркица, сопругата и синот на Хорхе, сопругите и останатите членови на фамилијата, министрите и останатите функционери и др блиски ) да стојат на жешкиот асфалт и на +45 степени да протестираат. Значи некој мора со еден сендвич да патува стотици километри до Скопје, да ги слуша наредбите на задолжените за ред овчарчиња (,,Ајде уште малку на сонце, нема да трае долго”), додека други во своите разладенети домови ќе уживаат во благодетите на власта и народните пари.

Жални мои вмровци и квази вмровци…. до кое ниво ве донесоа!

Фејсбук статус на проф. д-р Јове Кекеновски