Кекеновски: ОСТАВКА на ИВАНОВ

0
304

Не ми е јасно како е можно претседателот Ѓ. Иванов да донесе општ акт за прекинување на сите кривични постапки што се водат против политичарите во Република Македонија!?.
Колку што мене ми е познато:

1. Со општ акт неможат да се сопрат сите кривични постапки кои се водат

2. За секој случај поединечно треба да се донесе посебно решение, (што не е направено или не знаеме дека е направено)

3. Во решенијата треба за секој поединец кој е опфатен со кривичната постапка, да се наведе лицето, делото или делата за кое се однесува актот како и образложение на причините за донесувањето

4. Бидејки кривичните постапки се во тек, не е можно судијата кој го води предметот да ја стопира постапката врз основа на општ акт.

Со груба злоупотреба на ингеренциите, Иванов оневозможи правдата да дојде до израз.

Ако неговата одлука стапува на сила ВЕДНАШ, тогаш е потребно и негова ОСТАВКА ВЕДНАШ