Tuesday, June 17, 2025
24.8 C
Skopje

КАЈА КАЛАС: СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ЌЕ ПРОФУНКЦИОНИРА ПЛАН А, ЗА МАКЕДОНИЈА НЕМА ПЛАН Б

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, вели дека во случајот со Северна Македонија сè уште се надеваат дека планот А ќе функционира.

Калас за време на денешната посета во Скопје беше прашана за став по нејзината изјава дека ЕУ има план Б за Украина, па дури и план Ц во случај Унгарија да не се откаже од ветото, а Кошта претходно рече дека дека ЕУ нема план Б за Северна Македонија.

„Како и за другите случаи што ги споменавте, ние се фоксуираме на планот А и се обидуваме да функционира. Ако се префрлате на планот Б, планот А излегува од игра. Може звучам како да зборувам шифирано, но сакам да кажам дека сè уште се надеваме оти планот А ќе функционира и ќе биде успешен. Работиме на тоа, доколку не, тогаш ќе преминеме на следната фаза“, рече Калас.

Таа беше прашана и за механизмите за деблокирање на процесот, на што одговори дека ЕУ сака Северна Македонија да се придвижи по патот, но свесни се за препреките со кои се соочува.

„Знаеме дека има пречки и тоа го дискутуравме денес за да знаеме да изнајдеме механизми за да се надминат тие пречки. Сметам дека има простор да направиме нешто, но не би навлегувала во детали. Доколку се придвижиме, ќе објавиме пред медиумите“, рече Калас.

Високата претставничка порача дека Северна Македонија ѝ припаѓа на ЕУ. Го пофли усогласувањето со надворешната и безбедносната политика со Унијата, што е важно со оглед на геополитичките предизвици во светот. Северна Македонија ја нарече сигурен партнер за регионална безбедност, но за почеток на преговорите ја истакна потребата државата да ги преземе чекорите ветувајќи уште поголема поддршка од ЕУ на тој пат.

Напредокот може да биде брз ако има политичка волја, рече Калас, и ги посочи Албанија и Црна Гора како добар пример во регионот.

Извор : Макфакс

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

РУСИЈА АПЕЛИРА ДО ИЗРАЕЛ ДА ПРЕКИНАТ СО ОГНОТ, ДИПЛОМАТСКИОТ НАЧИН Е ЕДИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI Русија предупреди дека израелските напади врз иранските...

ИРАН ДИРЕКТНО УДРИ ВО МОСАД – РЕКЕТИРАН Е ОПЕРАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ИЗРАЕЛСКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека извршила успешен ракетен...

ПИЈАН СКОПЈАНЕЦ ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ И НАПРАВИЛ СУДАР

Осомничениот, на 16 јуни во вечерните часови, под дејство...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ