КАЦАРСКА : КОГА ЈА ОБЈАВИВ ПРЕСУДАТА ЗА ГРУЕВСКИ, БЕВ НАПАДНАТА НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА, ДОБИВ КЛОЦА ВО НОГАТА И МИ ОТЕЧЕ ГЛУЖДОТ

0
161

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска чиј мандат истекува на 2. јуни, на денешниот отчет за сработеното, кажа дека била и физички нападната во изминатите години додека ја извршувала функцијата. Но, вечерва во интервју во Топ тема на ТВ Телма ги даде деталите за овој напад. Кажа дека по донесената пресуда за експремиерот Никола Груевски, отишла на одмор во Грција, каде добила клоца во ногата, по што и отекол глуждот.

„Во периодот кога го судев предметот за поранешниот премиер Никола Груевски, кога ја објавив пресудата, после неколку дена отидов една недела на одмор во Грција, со моја другарка. Таму бев физички нападната на плажа, бев удрена со клоца во ногата, во пределот на глуждот. Имав голем оток, имаше модринка и со таква нога возев до Скопје“, изјави Кацарска вечерва во Топ тема.