Каурски избори со шиптарски шмек

0
1281

Насловот на колумнава е уствари украден цитат од изјава на еден продавач на кисела зелка на пазар. Покушав да се позаебаам малку и му викам ‘’мајсторе, ова купусов да нема свинско унутра’’, а он ми вика ‘‘ а бе јес да е каурска ама све шиптари ми купуваат‘‘.  Курназ  купусџија. И си почнавме онака муабет за политика како и сите од Табановце до Богородица , па откако искоментиравме дека на изборите се вртат разни глупости и дека претераа со  „шиптарите па шиптарите„ типов на мое симпатично изненадување ми вика – „а бе да не беа шиптарите македонците очи ке си извадеа и ке се испозаколеа меѓу себе“. Цела држава е турли тава, исто како мојот купус, а изборите каурски ама со шиптарски шмек!  КУПУСЏИЈО…ЦАРЕ!!!

Во меѓувреме невидена редица за упис у историја, и коте и моте се упишуе!

Го заболе патљакот Амди Бајрам што мислите вие за него. Он си е веќе влезен во книгата на современата македонска историја, што би рекле србите  – ‘‘ па да га јебеш‘‘! Не може да не го спомнуваат записите на современата македонска историја ако ништо друго како народен пратеник во современото македонско собрание и како еден од учесниците во развитокот на македонската демократија. Е сеа каква е таа демократија, тури и онакво де. Па вие скокајте до таван, ама тоа ти е!

Мудрујте си вие по енциклопедии. Ке мора еден ден да ги ревидирате и обавезно у апдејтот  да го стаите и него! Каква историја пишува Македонија? Оваа нова ВМРО-вска? Јебо их Барок  што би рекле црногорците ‘‘ усред гузице’’!  Ви гарантирам дека кога Александар Македонски (поточно Велики) би прошетал анонимно низ државава (сегашна му Македонија) преоблечен у јапанец што слика споменици, мама мамина би ни изонаквел. Би не испратил сите пешки до Пакистан како коњушари и да му служиме како покретни мети за вежбање на неговите стрелци. Навистина би било смешно да се гледа од страна (карикирам пародија) како политичарите стојат мирно пред него и сите викаат „ја не сум крив жими мајка“ … шиптарите ни го ебаа есапот. Аман бе! Кај се бе да им скршам зуби? Ене ги у влада! Па што ги пуштивте! Е па,… немавме избор! О, судбино пизда ти материна. Ах тие шиптарите бе партибрејкери, има ли некој „пипс“ за нив? ( мала шала).

(PART TWO) – ај сеа сериозен муабет, ионака од дупачки нема аир

Еден од клучните лајтмотиви на предизборието е двојазичноста на целата територија на државата како дифолт. Ајде да го анализираме тоа.јазикот е културолошка а не политичка димензија. Ама на кој копук да му го објасниш тоа. Најмалку на оној што по митинзи стои пред Грујо и му ги голта зборовите додека на левата рака го чешка тетоважата со вкрстените кама и алтипатљак.  Тешко е да се биде реален а да не се закачиш со ултранационалистите од двете страни. Двојазичноста како прво воопшто не го негира постоењето на македонскиот јазик и култура. Ајде да и гледаме на вистината у очи. Ниту пак обратно. Арно ама, сигурен сум и дека баш тие ултранационалисти се реално свесни за тешкотијата на функционирањето на таквиот модел во поедини случаи. Еден од најдобро опишаните е на Др. Виктор Камиловски ( кој му е крив што е ВМРО-вец, де) кога опишува ситуација во која зависи човечкиот живот при интервенција во која двојца кои работат да спасат нечиј живот не можат да се разберат. Колку и да е екстремен тој случај како пример, не е далеку од разумот. Но, исто така постојат моменти во секојдневието во кое екипни служби од круцијален карактер треба да имаат ( императивно ) беспрекорно разбирлива комуникација. Во многу моменти од секојдневното социо – културолошко комуницирање ке се случуваат несакани последици кои можат да создадат проблеми во функционирањето. И?.. ‘‘ ај сад попе, одпевај нешто паметно‘‘! Откога, ( ако) се согласивме на двојазичноста, ајде да бидеме реални и да одиме цврсто по земја за да решаваме еден по еден проблем. Дали сите ке се согласиме дека сеуште не се појави поединец кој ке ја постави формулата и ке го даде решението како тоа да функционира беспрекорно и без последици по функционалноста на институциите. Како да биде имплементиран тој модел. Ова е апсолутно техничко прашање и молам да елиминираме емоции. За тоа е потребно навистина да се седне и дискутира. Ајде да престанеме да размислуваме национал романтистички и да создадеме екипа која ке го решава тој проблем.  Искуствата со имплементацијата на Охридскиот Рамковен Договор говорат за низа недоследности, тешкотии и неадекватности на решенија. Колкав период ке треба да се адаптира моделот на терен? Дали не е потребно да се седне и да се поразговара најсериозно како тоа треба ( не дали треба) да функционира?  Дали можеме да извлечеме компаративни анализи од држави кои не се само дво, туку и повекејазични. Јас не сум толку умен да нудам решение, јас само прашувам како тоа би функционирало на терен. Истовремено ги прашувам јавно сите согласени страни за функционална двојазичност  дали проектот ‘’двојазичност’’ има здраво смислена структура на имплементација и модел по кој тоа ке донесе посакуван резултат. Моето прашање не значи не согласување. Напротив. Ама, јас не сакам наредните 10 години да ги слушам политичарите како купуваат поени на „до кај сме, што сме и ете македонците се вакви или такви“! Ако имаме сериозна намера да бидеме здрава држава со здрави политичари и нормален свет, тогаш нема тука ‘’турско е или каурско’’, туку здрави концепти, добро смислени и функционални решенија. Се останато е само купување поени и клатење онакво пред полу свесна и лесно манипулативна маса.

А, ‘’ опростите молим, куд плови овај брод’’!

Овој брод плови у пизду лепу материну ако веднаш не се смени нешто. Како прво, демохристијанскиот модел на ВМРО со примеси на мегапримитивистички популизам кој се темели искључиво на ‘’слобода или смрт брате за Македонија’’ е толку веќе изџвакан да и да сака не може долго да трае. Дури и на најтврдокорните велемакедонци почнаа да им кркорат цревата. Како второ, бракот од интерес со онаа страна на која им сервираа гасни комори во блиската историја не може да трае вечно зашто на една од следните раскрсници патиштата ке се разминуваат по прашање на стратешки интереси од културолошки, и секаков карактер. Како трето, се појавува нов ветер во политиката од страна на опозицијата која вели ‘’ граѓанско оштество ни е единственото чаре’’. Тоа ги сјебува не само еднонационално определеностите  на огромниот број политичари, туку маме мамино му расплакуе на тимот што перфектно укомпонирано функционира на полето на тендери, бизниси, ‘’алашвериши’’, на камата и алтипатљакот, на орелот, на сите оние кои направија  кариери и милиони на грбот на ‘’ сречо моја чорави народе’’ политиката. Како четврто, долговите и лајната во која е државата е толку голема што ни Св. Петар не може да смени ништо во блиска иднина ако се земе во предвид дека допрва мерките на штедење кои ке мора да се воведат ке донесат уште поголем ладен бран во амбиентот на секојдневието. Не постои премиер на светов кој може да донесе брзи, видливи и квалитетни промени во квалитетот на животот на граѓаните на Р. Македонија.

И ‘’ шта чемо сад брачо срби’’?!

Е па оно што смо и до сад. Па, ‘’ срачемо кваке’’ и носичемо се са све државом у пичку лепу материну! Док не доџе неко да нам кара све по списку и каже ‘’ овако или никако!

А бе гледате ли дека и шиптарите зборат понекој збор српски, а? Па зашто не би можел и македонецот понешто шиптарски?

… некој од таму слушам дека вика ‘’ за чисто брашнооо’’…!  Ај не сери многууу!!

Агим Јонуз