Катица Јанева ОДЛУЧНО им порача на Хорхе и Грујо: Ќе отвараме уште многу, многу истраги за прислушуваните разговори, УКРАДЕНИТЕ ПАРИ МОРА ДА СЕ ВРАТАТ ВО БУЏЕТОТ!

0
663

Специјалната обвинителка Катица Јанева рече дека „почитуваниот претседател ќе има многу работа, оти ние ќе отвараме уште многу, многу истраги за прислушуваните разговори“. Таа рече дека дури и во случај на аболиција, Специјалното обвинителство има законска обврска да најде докази за прибавената корист која мора да биде конфискувана. „Никој не може да ја задржи имотната корист“.

„Интензивно се водат финансиски истраги и СЈО има податоци дека во перидод од 2008 до 2015 година од буџетот во приватни џебови се одлеани голема сума пари. Тие пари треба да се вратат во буџетот“, изјави Јанева.