Катица Јанева: Никогаш ниту сум била член на политичката партија СДСМ, ниту пак сум извршила уплата за наводна верификација на членство на оваа политичка партија

0
447

Во изминатиот период предмет на интерес на повеќе медиуми беа членската книшка на политичката партија СДСМ и уплатницата за наводна верификација на членство на кои беше испишано името и презимето Катица Јанева, соопштуваат денеска од СЈО.

„Се работи за невистинити документи. Јас никогаш ниту сум била член на политичката партија СДСМ, ниту пак сум извршила уплата за наводна верификација на членство на оваа политичка партија“, истакна Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, се вели во соопштението на обвинителството.

„Апелираме медиумите во иднина пред да објават вести во кои се повикуваат на наводни документи, да ја проверат веродостојноста на документите на кои се повикуваат од субјектите посочени како нивни издавачи, а во насока на правилно и точно информирање на јавноста. Воедно апелираме надлежните органи да ја испитаат злоупотребата на личните податоци на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, со оглед дека во изминатиот период ваквата злоупотреба се повторува“, додаваат од СЈО.