Катица го сардиса Грујо од сите страни: СЈО ги истражува локалните избори во Охрид во 2013, повеќемина повикани на распит

0
417

Специјалното јавно обвинителство ги истражува случувањата околу локалните избори во Охрид во 2013 година. Kако што дознава Телма, деновиве на распит во СЈО биле лица инволвирани во изборниот процес, меѓу кои и поранешни локални функционери, кои ја потврдиле информацијата. Повод биле објавените прислушкувани разговори од страна на опозцијата кои се однесуваат на последните локални избори во Охрид, на кои актуелниот градоначалник Бакрачески од ВМРО ДПМНЕ го победи ексградоначалникот од СДСМ Петрески со 8000 гласови разлика.

СДСМ на 16 април минатата година, меѓу другото, објави сет од 11 разговори, кои, како што беше тогаш истакнато, се однесуваат на злоупотреба на полицијата во функција на изборите. Беа прочитани и неколку смс пораки помеѓу функционери на ВМРО ДПМНЕ, кои според СДСМ биле поврзани со приведувањето на поранешниот градоначалник Александар Петрески. СДСМ обвини дека за време на локалните избори 2013 година сите државни институции биле злоупотребени за партиските интереси на ВМРО ДПМНЕ, а МВР спротивно на законските обврски се ставило на располагање по секоја цена да се освои Охрид, дури биле ангажирани и параполициски структури.

ВМРО ДПМНЕ ваквите обвинувања ги оквалификува како добро позната пракса на СДСМ со креирани, монтирани и неповрзани прислушкувани и приватни разговори, да внесе конфузија и сомнеж кај локалното население на Охрид во нивната сопствена и јасно изразена волја на локалните избори во 2013 година. Потенцираа дека 8-те илјади гласови разлика помеѓу нивниот и кандидатот на опозцијата претставуваат 8.000 начини на изразување на незадоволство и негодување на охриѓани од општественото, економското, културното, социјалното и урбаното деградирање на Охрид од страна на минатото локално раководство во период од 2005-2013 година.

Ве потсетуваме на „бомбата“ на СДСМ за изборите во Охрид.