КАТА ПОЧНА ДА МУ ПЛАЧИ МАЈЧЕ НА РЕЖИМОТ : На распит во СЈО се појави Тони Јакимовски, екс-шеф на кабинет на Сашо Мијалков!

0
2287

Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и второосомничен меѓу петте во случајот „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, денеска дојде на распит во СЈО. Јакимовски е и еден од 56-те помилувани на листата за колективна аболиција на претседателот Ѓорѓе Иванов што сега е повлечена, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК.

„Тврдина“ е третата истрага на СЈО, што ја објави на 30 март, со петмина осомничени кои се товарат дека лани ја искористиле својата службена положба за да ја уништат опремата од нелегалното прислушување, вредна 10 милиони евра. Првоосомничен е Горан Грујовски, кој беше началник на Петтата управа на МВР, а кого министерот Митко Чавков го разреши на 20 јули, второосомничен е Јакимовски, третоосомничена е ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, четвртоосомничен е вработен во МВР кој обезбедил логистичка поддршка за спроведување на униништувањето на опремата, а петтосомничената е  технички документарист во МВР.

Повеќе ОВДЕ