Tuesday, July 15, 2025
31.8 C
Skopje

КАТАР СООПШТИ ДЕКА ЕДНА ИРАНСКА РАКЕТА ЈА ПОГОДИЛА АМЕРИКАНСКА БАЗА, НЕМА ШТЕТА ИЛИ ЖРТВИ

Катар синоќа потврди дека една иранска ракета ја погодила американската воздухопловна база Ал Удеид на нејзина територија без да предизвика жртви или штета, додека останатите проектили биле пресретнати и паднале во морето, јавува „Анадодлија“.

Оваа информација ја потврди заменик началникот на Генералштабот на вооружените сили на Катар Шаек ал Хајри за време на прес-конференција во Доха.

Првиот бран вклучувал седум проектили, од кои сите биле пресретнати и паднале во морето пред да стигнат до нивната цел. Вториот бран се состоел од 11 ракети, од кои само една ја погодила базата без жртви или материјални загуби, додека останатите ракети биле соборени, додаде тој.

Говорејќи на истиот брифинг, портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед ал-Ансари рече дека земјата го обезбедила својот воздушен и поморски простор, како одговор на иранските закани дека ќе ги таргетираат американските бази во регионот.

Иран лансираше низа проектили врз американската воздухопловна база Ал Удеид во Катар, што означи драматична ескалација на тензиите откако САД извршија напади врз три нуклеарни постројки во Иран во неделата.

Регионалните тензии нагло ескалираа во неделата откако САД бомбардираа три ирански нуклеарни постројки во Фордо, Натанц и Исфахан.

Американските напади се најновата ескалација на израелските напади врз Иран кои започнаа на 13 јуни, што го натера Техеран да возврати на Израел.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ И ВРАТИ НА РОЗАЛИЈА: ЗА СДС УЛИШНИТЕ КЛУПИ БЕА МЕСТО ЗА ПАРТИСКА ПРОПАГАНДА

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ИЗЈАВА НА РОЗАЛИЈА АНГЕЛКОВСКА ОД СДС Кога...

КРСТОВСКИ: БЛАЖЕВСКИ, СИМБОЛ НА ЗАЕВИЗМОТ, НЕРАБОТЕЊЕ, УНИШТУВАЊЕ, ПРЕДАВСТВА И ЛИЧНО БОГАТЕЊЕ

Прес-конференција на Никола Крстовски, претседател на УМС - Општина...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ