„Катар ервејз“ подарува 100.000 бесплатни авионски билети за медицинските работници

0
403

„Катар ервејз“ им подарува 100.000 бесплатни авионски билети на сите медицински работници ширум светот, во знак на благодарност за нивните херојски напори за време на пандемијата со Ковид-19.

Како што објави компанијата, билетите ќе бидат достапни за резервација од утре – Меѓународниот ден на медицинските сестри и техничари.

Бесплатни билети ќе бидат достапни за резервации до 18 мај годинава.

За понудата, здравствените работници можат да се регистрираат на qatarairways.com/ThankYouHeroes со пополнување формулар и примање специјален промотивен код.

Билетите ќе се делат по системот „прв пријавен – прв услужен“

Извор : МакФакс