Eкипите на Барселона и Пари Сен Жермен вечерва ги оправдаа фаворитските улоги и славеа победи во своте први четвртфинални натпревари.
Барселона беше подобра од Борусија Дортмунд со 4-0, па така практично веќе со „една нога“ се во полуфиналето.
Доминираше Барселона од почетокот до крајот на натпреварот, а резултатот го отвори Рафиња во 25. минута и тоа беше единствениот гол во првото полувреме. Во вториот дел на сцена стапи иРоберт Левандовски кој постигна два гола за веќе сигурни 3-0. Во финишот во листата на стрелци се запиша иЈамал за конечни 4-0.
ПСЖ исто така доминираше во својот натпревар против Астон Вила, но не успеа да биде така убедлив и славеше со 3-1, па Англичаните ќе се надеваат и во реваншот.
Астон Вила и покрај подобрата игра на ПСЖ прва дојде до водство со гол во 35. минута на Роџерс, изедначи Дуе пет минути подоцна. На стартот од второто полувремеКварацхелија постигна гол за 2-1, додека Нуно Мендеш во завршницата се погрижи за 3-1.